Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска ја повтори заложбата заедно со локалните избори да се одржат и предвремени парламентарни избори на кои, како што истакна, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победничка партија.
Апелира на 15 октомври, датумот за кој претставниците на политичките партии се согласија да се одржат локалните избори, да се органиизраат предвремени парламентарни избори.
– Претставниците на политичките партии се договорени локалните избори да се одржат на 15 октомври годинава. Се надевам дека СДСМ овој пат нема да промени и отстапи нешто како што тоа знаеше да го прави често во минатото. Кога ќе видат дека губат, па да пролонгираат и да бараат и алиби. И се надевам дека ќе размислат уште еднаш за предвремени парламентарни избори, кое беше и останува наше барање со кое ќе се разјаснат многу работи на политичката сцена што се случија по изборите и со кои ќе се даде можност на граѓаните да го кажат својот став за она што го правеше и СДСМ и ВМРО во периодот после изборите – изјави Груевски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на општина Кисела Вода.
Верувам, додаде, дека работите ќе се одвиваат во добар правец. Петнаесетти октомври е најблискиот рок што СДСМ можеше да го прифати во разговорите и се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ како победничка партија на овие парламентарни избори ќе излезе повторно како победничка на локалните, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст