Серискиот убиец на деца и еден од најсуровите криминалци од Британија Иан Брејди, познат по тоа што ги закопувал телата на жртвите во мочуриште, почина на 79 години во психијатриска болница во Мерсисајд.
Тој до последниот здив не кажа каде е закопана неговата последна жртва.
Брејди беше во затвпр од 1966 година по обвиненија за убиства на деца за кои никогаш не покажа каење.
Неговата соучесничка во злосторствата Мајра Хиндл почина во 2004 година во затвор.
Брејди бил префрлен во психијатриска болница во 1985 година каде со години се изгладнуваше.
Почина по 19 години поминати во затвор и 31 година во психијатриска установа.
Портпаролот на болницата рече дека не е познато дали некој бил со Брејди во последните моменти, но наведе дека до крај не сакал да каже каде го закопал телотот на последната жртва.
Се работи Кејт Бенет, последната од петте жртви кои 60-тите години на 20. век Брејди ги киднапирал, мачел и убил заедно со партнерката Мајра.
Двајцата киднапираа, сексуално злоставуваа, мачеа и убија три деца на возратс од 10 до 12 години и двајца тинејџери на 16 и 17 години. Нивните злодела станаа познати како „Убиства од мочуриштето“.
Убиствата се случиле од јуни, 1963 до октомври, 1965 година.
Случаите станаа познати бидејќи гробовите на две од жртвите беа најдени во мочуриштето Седиворт. Еден гроб беше откриен дури во 1987 година, исто така во мочуришен предел.
Иследниците веруваат дека таму е закопано и телото на последната жртва, но и покрај темелната истрага, телото на Бенет никогаш не беше пронајдено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст