| четврток, 6 декември 2018 |

НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ – Струга го одбележува Меѓународниот ден на музеите

И оваа година НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ – Струга го одбележува Меѓународниот ден на музеите заедно со други музеи во светот во организација на ИКОМ/ICOM

Овогодинешната тема е –  Музеите и спорните истории: Кажувајќи го неописливото во музеите. Нашиот музеј со овогодинешната програма за Меѓународниот Ден на Музеите става акцент на отвореноста на музејот кон широката јавност. Како институција која е уникатен претставник на природното и културното наследство, музејот поседува огромен потенцијал и може многу да допринесе за општеството. Во програмата за одбележување на 17 мај се две изложби од едукативните работилници кои ги работеа нашите кустоси, а децата учесници ќе имаат можност своите дела да ги постават во музејските простории, на тој начин директно презентирајќи ги своите видувања за богатото природно и културно наследство. На 18 ти музејот ќе ги презентира  и новите промотивни материјали и веб страна. На советувањето кое на 19 ти во Скопје го организира ИКОМ – Македонија по повод  Меѓународниот Ден на Музеите, нашиот музеј ќе биде презентиран со темата „Музеј во Музеј“ а се однесува на уникатната природно-научна поставка на  НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“ – Струга. Од неодамна препараторските работи во рамки на биолошкото одделение се вршат во ново-адаптирани простории во административната зграда на музејот.             По вторпат оваа година на 18 ти мај – Меѓународниот Ден на Музеите влезот за сите музејски поставки е слободен. Проектите кои се дел од програмата се реализирани со помош на Министерство за култура на Република Македонија.

НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“ – Струга го одбележува Меѓународниот Ден на Музеите со следната ПРОГРАМА:

– 17 МАЈ 18:00 ЧАСОТ – Спомен соба Никола Незлобински/Административна зграда  – ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБА дел од едукативната работилницата „Културно наследство од Струга и Струшко“

– 17 МАЈ 19:00 ЧАСОТ – Природно-научен Музеј –  ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБА од едукативната работилница „Рибите во Охридското Езеро“

– 18 МАЈ 20:00 ЧАСОТ – СПОМЕН ДОМ НА БРАЌАТА МИЛАДИНОВЦИ – ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НОВИТЕ ПРОМОТИВНИ МАТЕРИЈАЛИ ЗА МУЗЕЈОТ И ПРОМОЦИЈА НА НОВАТА ВЕБ СТРАНА НА МУЗЕЈОТ

„Dr. Nikola Nezlobinski“ Museum – Struga joins celebration of International Museum Day with two days PROGRAM:

  • 17 May 18:00h – Memorial room Dr. Nikola Nezlobinski – administrative building – exhibition opening – part of the educational workshop „Cultural heritage of Struga and Struga Region“
  • 17 May 19:00h – Natural History Museum  – exhibition opening – part of the educational workshop „Fishes in Lake Ohrid“
  • 18 May 20:00h – The House of the Miladinov Brothers – Presentation of Museums new promo materials and new WEB page
  • Newly adapted offices for preparation department – part of Biology Department

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top