Тоа е возможно, се подразбира, под услов да сте среќник кој не живее од минималец или плата многу пониска од просечната.
Ви претставуваме пет чекори како да го направите тоа:
1. Реално согледајте ги своите трошоци
Кога не знаете на што точно парите ви одат многу е лесно да упаднете во циклусот преживување од плата до плата. Ако не можете точно да ги согледувате сопствените трошоци тешко е да се утврди поради што секогаш на крајот на месецот ви недостасуваат пари. Со анализата на трошоци најлесно ќе го направите сопствениот буџет.
2. Укинете ги непотребните трошоци
Следниот чекор е да ги намалите трошоците кои не се неопходни. Тоа важи за вашите месечни сметки, но и за оние веријабилните, неочекуваните трошоци. Следниот пат кога ќе нарачате достава или ќе одите четврти пат ист ден на кафе, размислете колку тоа ве чини на крајот на месецот.
3. Намалете ги долговите
Каматите на кредитните и дебитните картички месечно „јадат“ прилично многу пари. Нека намалувањето на долговите по картички ви биде примарна цел.
4. Зголемете ги приходите
Заштедата на сметката и намалувањето на долгот нема да биде доволно да се извлечете од лошиот круг. Размислете за тоа како можете да ги зголемите приходите. Ако работите за работодавецот кој не плаќа прекувремено, можеби време е да размислите за некоја хонорарна работа која ќе го зголеми домашниот буџет.
5. Нека штедењето ви стане приоритет
Обидете се месечно да оставите на страна одреден износ кој можете да си го дозволите. Замислете дека тие пари се наменети за некоја сметка и дека веќе сте ја платиле и ги немате за трошење. Така единствено можете да соберете пристоен износ кој добро ќе ви дојде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст