| четврток, 6 декември 2018 |

Комплетно музичко уживање со атрактивната Венеса Меј во Скопје

Два и пол часа траеше комплетното музичко уживање кое на скопската публика и го приреди најпознатата виолинистка во светот, Венеса Меј, која во понеделникот навечер гостуваше во Вип арена „Борис Трајковски“. Ова е единствен концерт во регионот на британската мегапопуларна виолинистка, која во Скопје допатува по настапот во Братислава.

Меј пред публиката во Скопје настапи со својот бенд во чиј состав имаше музичари кои свиреа гитара, тапани, клавијатури, потоа придружни вокали и гудачкиот оркестар на Македонската филхармонија. Сите, заедно со атрактивната Меј приредија концерт во кој се измешаа рок, класик, и електронска музика, на моменти помешани со ориентална музика и колумбиски ритам.

По двочаовниот концерт, публиката ја побара Меј на бис, а таа ја изненади појавувајќи со со својата виолина меѓу гледалиштето, што предизвика бура од аплауз.

Како секој добар гостин кој доаѓа првпат на концерт, Меј ја поздрави публиката на македонски јазик, а потоа отсвири и мелодија од филм за Александар Македонски.

Ва­не­са Меј Вен­корн Ни­кол­сон, про­фе­си­о­нал­но поз­на­та ка­ко Ва­не­са Меј, не­ко­гаш би­ла на­ре­ку­ва­на чу­до од де­те. Уште на 16 го­ди­ни ги по­ме­сту­ва му­зич­ки­те гра­ни­ци ко­га го об­ја­ву­ва ал­бу­мот „Violin Player“ фор­ми­рај­ќи не­о­би­чен микс на џез, поп и на тех­но-звук, но се изд­во­ју­ва и по неј­зи­ни­те сцен­ски на­ста­пи и не­о­би­чен изг­лед. За­пи­ша­на е во Ги­ни­со­ва­та кни­га на ре­кор­ди ка­ко најм­лад ин­стру­мен­та­лист што из­ве­ду­ва ви­о­ли­ни­ски кон­цер­ти на Бе­то­вен и на Чај­ков­ски. Осо­бе­но оста­ва впе­ча­ток со неј­зи­на­та из­вед­ба на „То­ка­та и фу­га“ на Јо­хан Се­ба­сти­јан Бах во Д-мол, ко­ја е ко­пи­ра­на низ це­ли­от свет.

Кон­цер­тот беше во ор­га­ни­за­ци­ја на „Праг­ма про­дук­ци­ја“, а беше под­др­жан од Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и од Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top