| четврток, 6 декември 2018 |

Уште едно бебе на македонската естрада – пејачката откри дека е бремена

Познатата македонска фолкерка Сани за „Вест“ откри дека очекува бебе и дека е во третиот месец од бременоста.

– И на мене и на Мартин ни е сеедно дали ќе добиеме ќерка или син. Важно ни е да е живо и здраво. Затоа и сѐ уште не сме смислиле како ќе се вика. Мартин вели на бебето да му дадеме име по моја желба. Но, бидејќи нему ова му е прво дете, јас сакам тој да даде име. Кога се роди Викторија, јас ѝ го дадов името, моја желба беше и затоа сакам нему да ми ја исполнам желбата. Обично секогаш родителите се караат околу името, ама јас навистина сакам бебето да носи име по желба на Мартин. Викторија најмногу се радува, вели дека едвај чека да го гушне бебето. Сакала да го чува најмногу на свет – вели Сани за „Вест“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top