| четврток, 6 декември 2018 |

Голема разлика во години не резултира со среќен крај на љубовта

раз

Според резултатите од најновото истражување, големата разлика во години не резултира со среќен крај на љубовната врска.

Имено, според студијата спроведена на Универзитет Емори во Атланта, колку е поголема разликата во години меѓу партнерите, помали се шансите врската да успее.

Во истражувањето учествувале 3.000 луѓе. Резултатите покажале дека паровите со разлика од пет години имаат 18 проценти повеќе шанси да се разделат отколку паровите на иста возраст.

Во врските во кои разликата е десет години паровите имаат 39 проценти да се разделат, а врските во кои разликата е 20 години и повеќе се осудени на пропаст.

Истражувачите сметаат дека идеалната разлика во години меѓу партнерите е една година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top