| четврток, 6 декември 2018 |

Таткото на Марија Шерифовиќ: Марија е алава, страшно е како ја изгуби невиноста

marija-rajko-foto-zorana-jevtic-vladimir-sporcic-1494602656-1182377Таткото на Марија Шерифовиќ, Рајко, е огорчен од поранешната сопруга пејачката Верица Шерифовиќ и ќерка си. Тој тврди дека Верица со помош на лаже сведок го бутнала во затвор, а најтешко му паѓа што Марија ја поддржува мајка си, додека на него не се ни сеќава.

„Марија не вели ништо за сето она што ми го направи мајка ѝ. Таа е покрај Верица, не сака да ми се јави, ни порака да ми испрати… За неа нема ништо да зборувам, а ако не закачи, цел фелјтон ќе раскажам. И за неа има многу лошо работи, од губењето на невиноста, па наваму. Цел Крагуевац знае, немаше нешто скапо што не сум ѝ го купил, немало патики и телефони што ги немала. Кога требаше првата плоча да се сними, кај најскапиот македонски композитор одевме да ѝ го направи цедето, никогаш не сум бил лош кон неа, а таа не ме сака. За сите овие години колку пее и работи, не знам дали има 6 пати да ми испратила по 100 евра“, вели Рајко и открива дека не му пречи што неговата ќерка е лезбијка.

rajko-i-verica-serifovic-1399851178-494993

„Марија е алава девојка, неа само пари ја интересираат и ништо друго. Тоа што решила да биде лезбијка, не ми шречи воопшто, нејзина работа, така е родена, но ми пречи што само пари ѝ се во главата и како да земе повеќе за себе. Па и таа изповед за себе што ја правеше, што ѝ беше мотив ако не парите, се соголи, се фрли на дното, призна дека е лезбијка само за да дојде до пари. Даниел Шерифовиќ, мојот син, се однесува како да живеел со мене, а никогаш ништо не сум му дал, но тој е поинаку воспитан, заврши школо, тој е професор. Нему му е криво што ми се случува ова, се прашува дали е можно, се гледа дека се ждере“, раскажува таткото на Марија Шерифовиќ за новиот број на „Скандал“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top