| четврток, 6 декември 2018 |

Ги загуби нервите: Ќерката на Брижит Макрон им ги затвори устите на злобниците

ќерка

32-годишната Тифани Озије, ќерката на новата француска прва дама, Брижит Макрон, застанала во одбрана на својата мајка обвинувајќи ги нејзините политички противници за љубомора поради коментарите и нападите на Брижит.

Тифани е инаку на листата на партијата на Емануел Макрон, како кандидатка на парламентарните избори, а за мајка си зборувала бидејќи ја изнервирале многубројните сексистички навредени на сметка на нејзините години.

-Мислам дека не можете да останете рамнодушни на тоа, иако не сакам да им придавам важност на луѓето кои се способни да конструираат такво нешто. Неверојатно е дека во Франција во 21. век се случуваат такви напади. Сигурно такво нешто не би трпел ни политичар или партнер на политичар. Мислам дека во основа станува збор за љубомора и дека тоа е многу невкусно и непримерно-рекла Тифани.

макрон2

Во реалноста, наспроти тоа, се среќавам со луѓе кои се восхитуваат на тоа што работи, нејзината работа, ангажманите – рекла пред инаугурацијата на новиот француски претседател оваа адвокатка.

-Ако луѓето немаат што да прават освен да критикуваат, нека повелат, тоа нас само повеќе ќе не зближи- додала Тифани.

Брижит Макрон има три деца, син и две ќерки, од првиот брак.

Сопругот го оставила во 2006. година, кога се омажила со Макрон кого го запознала додека му била наставничка во училиштето каде предавала драмска книжевност.

Парот се преселил во Париз, а Макрон продолжил со образованието во високи образовни установи, додека таа продолжила да работи како наставничка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top