| четврток, 6 декември 2018 |

Како да ја задржите работата и да напредувате во кариерата

Поради општо тешката економска ситуација знаеме дека денес тешко е да дојдете до работа. Но, откако ќе ја најдете важно е да преземете инцијатива и да направите се за да ја задржите

Постојат многу работи кои ќе ви помогнат во напредувањето во кариерата, и што е уште поважно, да ја задржите работата. Ова се некои од нив:

1. Образувајте се

Ако компанијата ви нуди дополнителни програми за едукација кои се тесно или широко поврзани за вашата работа, немојте да ги одбиете туку задолжително прифатете ги.

2. Бидете експерт во својата област

За што подобро да ги обавувате работните задачи, истражете ги трендовите и случувањата, и нормално споределете ги со своите колеги. Во размената на информации, набљудувајте како тоа влијае на вашата компанија. Станете експерт во својата област.

3. Бидете проактивни

Во работата секогаш бидете чекор пред другите, тоа на работодавците ќе им покаже дека сте сигурни во своите способности и проактивни во работата.

4. Промовирајте се

Размислете кои способности ве прават уникатен на работа и промовирајте ги тие вештини.

5. Учете од своите грешки

Сите грешиме, но најлошо е за грешката да ги обвинувате другите или да ги негирате. Учете од нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top