| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалниците остануваат на своите функции до октомври?!

sobranie

Талат Џафери и претставниците на политичките партии се договориле мандатот на сегашните градоначалници и советници да биде продолжен до изборот на новите членови на советите и градоначалниците. На координација со парламентарните политички партии присутвуваа претставници на СДСМ и коалицијата, ДУИ, Беса, Алијанса за Албанците и ДПА, но не претставник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Република вчера објави дека ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствува на координaцијата кај, како што велат, нелегално избраниот Талат Џафери. За ВМРО-ДПМНЕ тој е само пратеник и е избран во незаконска постапка.

Во соопштението по координацијата стои дека партиите се договориле дека од исклучителен приоритет за Република Македонија е постигнувањето договор за донесување на Предлог-закон за изменување и за дополнување на Изборниот законик со кој одржувањето на локалните избори ќе биде предвидено за првата половина во октомври, а мандатот на сегашните градоначалници и советници ќе биде продолжен до изборот на новите членови на советите и градоначалниците. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top