| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјани се истепаа во охридско кафуле

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Б. (22) и Д.Ј. (22), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка телесна повреда.

На 29 aприл околу 2.30 часот во кафе-бар пријавените имале вербална расправија со Ј.М. (24) и С.Б., двајцата од Скопје.

Потоа го напуштиле објектот и надвор го чекале Ј.М., каде што повторно почнале расправија и физички го нападнале удирајќи го со раце во пределот на главата и нанесувајќи му тешка телесна повреда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top