| четврток, 6 декември 2018 |

Несекојдневен, луксузен и елегантен накит е во мода

Познатиот српски бренд „Две Шмизле“ пристигна во Скопје. Станува збор за неодамна отворената продавница за уникатен накит „Две Шмизле“ во Скопје. Мега популарниот бренд Две Шмизле од Белград ни пристигна во Скопје и притоа ни нуди нешто навистина несекојдневно, луксузно и елегантно, парчиња накит за сечиј вкус.

Тие нудат нешто навистина уникатно. Мали и елегантни, со сваровски елементи или пак големи и впечатливи разновиден избор на ланчиња, а воедно исто толку интересни обетки и прстени, за да создадете комплетен изглед и да заблескате.

Не изостануваат и додадоците за коса, ги има разновидни, венчиња и ленти, кои ќе ви дадат необичен и луксузен изглед, кој ќе ве издвои од толпата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top