| четврток, 6 декември 2018 |

Мис Вашингтон победи на натпреварот Мис Америка

Претставничката на американскиот главен град Вашингтон, Кара Меккалог победи на изборот за Мис Америка за 2017 година.

Меккалог, која е по професија хемичарка и работи за Комисијата за регулирање на нуклеарната енергија во САД, победи на натпреварот што се одржа синоќа во Лас Вегас.

Прва придружничка е Мис Њу Џерси, Чави Верг, а втора придружничка – Мис Минесота, Меридит Гулд.

На натпреварот учествуваа 51 девојка од САД, секоја претставувајќи ја својата сојузна држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top