Поранешниот маж на Верица Шерифовиќ и татко на пејачката Марија Шерифовиќ, Рајко е огорчен на ќерката и некогашната сопруга.
Тој тврди дека Верица со лажен сведок го пикнала во затвор, а најтешко му паѓа што Марија ја поддржува мајка си, додека воопшто не помислува не него.
-Марија за се што направи нејзината мајка не рече ништо. Таа е со Верица, не се јавува на телефон, на пораки, на повици… За неа не сакам да зборувам, а ако ме закачи, тоа ќе биде фељтон. И за неа има многу страшни работи, од губењето на нејзината невиност, па понатаму. Цел Крагуевац знае, не постоеше најскапа работа која јас не и ја купив, немаше патики или телефони што ги немаше. Кога требаше да се прави првата плоча, кај најскапиот македонски композитор отидовме да и го направи целото ЦД, никогаш не сум бил лош кон неа, а таа не ме сака. За сите овие години колку пее и работи, не знам дали 6 пати ми испратила по 100 евра- вели Рајко открива дека не му пречи тоа што неговата ќерка е лезбејка
-Марија е прилично палава девојка, неа само пари ја интересираат и ништо друго. Тоа што е нејзино определување да биде лезбејка, тоа не ми пречи воопшто, тоа е нејзина рабта, така е родена, но ми пречи што само парите и се во глава и како да земе што повеќе за себе. Па и таа исповед што ја правеше за себе, мотив и беше само да земе пари, се соголи себеси и се фрли на дното, призна дека е лезбејка само за да земе пари. Даниел Шерифовиќ, мојот син се однесува како да живеел со мене, а никогаш ништо не сум му дал, но тој е поинаку воспитан, заврши училиште и стана професор. Нему му е криво што ова мене ми се случува, се прашува дали е можно, се гледа дека се јаде- рече таткото на Марија Шерифовиќ за новиот број на магазинот „Скандал“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова е една од најголемите тајни на Марија Шерифовиќ: Три пати била…
-
„Син ми беше клинички мртов“: Поради ова познатата пејачка ќе и биде благодарна на Шерифовиќ!
-
Не знаеше дека камерите се вклучени: Амиџиќ го коментираше сексуалниот живот на Шерифовиќ
-
Не е болест се што боли: Марија Шерифовиќ ја откри својата тајна опсесија!