| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Кукавички е поставена бомба во куќата на мојот татко, со цел да ги убие или рани моите родители!

ан

-После избориве, криминално-политичкото подземје кое се инспирира од „бомбите на мандатарот за Живот“, почна да поставува вистински бомби со закани по живот кон неистомислениците!-  напиша на својот профил на „Фејсбук“ пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

-Вчера вечер во с. Ижиште, околу 22 часот, екипи на МВР крим техника од М.Брод, Прилеп и анти-тероризам од Скопје успешно демонтирале бомба на задната врата во куќата на татко ми, кукавички поставена со цел да ги убие или рани моите родители. Имале среќа и Божја рака врз нив, и татко ми и мајка ми, што не турнале посилно кога отварале, а откако тој видел за што се работи, уредно пријавил. Очекувам сторителите да бидат пронајдени од надлежните органи – пишува Милошоски.

Во продолжение тој пишува:

Заканата кон татко ми ја сметам за индиректна закана и притисок кон мене, поврзана со мојата политичка активност и мислење. Но, нема потклекнување, ниту повлекување. Борбата, со демократија, со говор, со став, со патриотизам за Татковината, ќе продолжи со несмален ентузијазам!
А за крими-политичкото подземје, една порака, не бидете удбашки кукавици, оставете ги на мира нашите стари, нашите жени и деца!
Да живее Македонија!

тони

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top