| четврток, 6 декември 2018 |

Во Парма влегуваат Кинези, Креспо се враќа во тимот

hernan krespo

Уште еден италијански тим ќе добие кинески газди. По Милан и Интер, на добар пат да добие нов спонзор е и екипата на Парма, која пред некоја сезона поради финансиски проблеми беше исфрлена во најнизок ранг на италинанскиот фудбал.

Некогашниот европски првак ги живее најтешките денови од своето формирање. Но, како што велат од Италија, клубот би можел да се врати на голема врата, затоа што компанијата „Деспорт“ е подготвена да инвестира куп пари, за да ја врати старата слава на „млекарите“. За наредната сезона, кинеските газди ќе инвестираат 10 милиони евра. Засега, компанијата има купено 30% од акциите, а во иднина се најавуваат дека ќе се купат и останатите 60%, за вкупни 90%. Останатите 10% според законот во Италија ќе останат во сопственост на навивачите.

Десна рака на Жанг Лижанг, првиот човек на „Деспорт“, ќе биде легендата на Парма, Ернан Креспо. Многу веројатно, Аргентинецот ќе биде назначен за потпретседател, а ќе ја врши и улогата на спортски директор и менаџер во тимот. Идејата на Парма ќе биде повторно да се произведуваат млади и квалитетни фудбалери, но истовремено да се изгради и респектабилен тим за враќање на тимот во најелитното друштво и борба за место во Европа.

Исто така, новите сопственици може да го откупат и стадионот „Енио Тардини“, кој е во сопственост на градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top