| четврток, 6 декември 2018 |

Марио Гомез во Наполи, агентот на Пандев вели дека и Горан останува во Неапол

Напаѓачот на Баерн Минхен, Марио Гомез, веќе потпишал за Наполи, што го стеснува просторот за македонскиот капитен Горан Пандев, но неговиот агент, Карло Палавачино, вели дека нашиот ас сигурно останува во тимот од Неапол. Можно е Едисон Кавани да си замине, па Гомез и Пандев да бидат тандем во нападот. Германските медиуми објавија дека Гомез сигурно е нов член на наполитанците и дека веќе потпишал договор со клубот иако тоа официјално не е потврдено од таборот на Наполи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top