Мокрачата во зависност од состојбата во организмот, може да биде о различна боја, а често може да биде показател на сериозни болести. Лекарите советуваат по малата нужда внимателно да ја погледнете бојата на мокрачата бидејќи по неа можете да откриете дали сте болни.
Имено, бојата на мокрачата може да открие некои работи поврзани за здравјето. Од тоа дали имате проблеми со бубрезите до дали ви расте некаде тумор.
Лекарите објаснуваат која боја на урина може да сигнализира болест.
Без боја, проѕирна урина – пиете премногу вода и би било добро малку да намалите.
Бледа боја – ова е нормална боја на урина која покажува дека со вашето здравје е се во ред и дека внесувате доволно течности.
Проѕирно жолта – и ова е боја на границите на нормалата
Темно жолта – се е во ред, но треба да пиете повеќе течности, поготово вода.
Боја на мед – подитно почнете да внесувате вода во организмот.
Боја на пиво, поготово темна урина – е сигнал дека може постои проблем со црниот дроб, но и знак дека сте дехидрирале. Два дена внесувајте повеќе вода, доколку бојата не се промени, веднаш повикајте лекар.
Црвенкаста боја – ова боја може да се јави во урнината доколку сте јаделе многу цвекло. Меѓутоа , често е тоа знак дека во урината има крв што може да укаже на сериозни здраствени проблеми покрај проблемите со бубрезите, тумор, инфекции на уринарниот тракт, проблеми со простатата или нешто друго. Исто така, урината со таква боја укажува и на труење. Веднаш да се јавите на лекар.
Портокалова боја – во овие случаеви може да станува збор за дехиодрација, но и проблеми со хетра или жолчката. Исто така, урината со таква боја покажува и кога сте затруени од храна. Совет веднаш да се јавите на лекар.
Сина или зелена боја – ретко генетско заболување може да резултира со ваква боја на урина, но и некои бактерии кои го инфицираат мочниот меур. Возможно е и труењето со храна или поради земање на одредени лекови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст