Младата актерка Катарина Богичевиќ, која вниманието на гледачите го привлече пред пет години како Ѕвезда во серијата „Фолк“, раскажа низ каков пекол минала во основно школо, а нејзините проблеми продолжиле и подоцна кога преку Фејсбук ја прогонувал педофил.
Катарина вели дека мачно и е кога се присетува на периодот кој го минала во основно школо, затоа што, како што вели, минала низ разни облици на малтретирање и физичко насилие.
„Многу ме малтретираа во основно школо. Тоа беше ненормално, поради тоа морав да го променам одделението. Имав другарки кои буквално беа „mean girls (злобни девојки) – најсилни, најубави… Ако направиш подобар тест од нив, тогаш те чекаат некаде и крвнички ќе те претепаат. Една од нив ми го скрши прстот, по часот по физичко. Игравме фудбал и тие четири против нас дваесет девојчиња. Се разбира, не имаше повеќе и победивме. Бев капитен на мојата екипа… Имавме десет – единаесет години… Потоа ме сочекаа. Ме истепаа и ми го скршија прстот… Потоа не одев во школо некое време. Тогаш ме префрлија во друг клас“, ја започна својата исповед Катарина и додаде дека работите се влошиле кога серијата „Фолк“, почна да се прикажува.
„Кога почна „Фолк“ серијата ме немаше ни по три месеци во школо. Децата тогаш правеа анкета „Зошто ја мразиш Катарина Богичевиќ?“. Мојата најдобра другарка ги зема сите тие листови, и тогаш видов што навистина мисли за мене. Немам убави спомени од основно школо… Многу ме повредија“, раскажа Богичевиќ и опиша како реагирала кога слушнала дека и нејзината помлада сестра исто така ја тепале во шокло.
„Мојата сестра е алергична на глутен и има проблем со говорот, има 13 години и поддткува. За неа се подготвува посебна храна. Еден ден дојде дома плачејќи од школо, и рече дека и ја украле ужината и дека една другарка ја удрила. Многу се изнервирав, отидов во школо до таа девојка, и ја земав ужинката и ја повлеков за рака и ја однесов кај родителите и им реков:
„Ако вие не ја превоспитате, следниот пат ќе ја искршам од ќотек“. Не ми беше срам поради овие зборови. Децата денеска се толку безобразни, а интернетот е виновен и невниманието на родителите. Добрите деца често се злоставувани, тоа го гледам секој ден. Пораката на родителите би била: „Ако имате деца, посветете се на нив“. Разговорот секогаш решава… Младите мораат да знаат што е добро, а што лошо“, изјави младата актерка.
„Татко ми ме научи да доклку бидам жртва на манијак му го возвратам ударот. Тоа ми се случи и мене, а јас викав и тој побегна. Мојата порака за жените е да се соочат со него, затоа што тие се плашат и силни се само на зборови“, заклучи Катарина.
извор: репортер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Им одржа лекција на двојно помладите колешки: Сите гледаа во актерката
-
Сите ја колнат: Српската актерка која беше пронајдена мртва криела страшна тајна!
-
Траеше само две минути: Познатата актерка ја призна врската со малолетникот!
-
Славна убавица пронајдена мртва во својот стан: Камерите откриваат морничав детаљ!