| четврток, 6 декември 2018 |

Проект за уредување на Зрновска Река

reka

Со цел да се доближат природните реткости и знаменитости во општина Зрновци до туристите и посетителите, општината подготви проект за уредување на клисурата на Зрновска Река.

Со ова ќе станат подостапни природните реткости на планината Плачковица од каде што извира Зрновска Река и создава кањон со голем број  интересни клисури и места.

– Со средства во износ од 20.000 долари, кои ги обезбедува УНДП, а преку Центарот за развој на источниот плански регион  ќе пристапиме кон уредување на живописната клисура на Зрновска река. Клисурата располага со пештери, природни базени, ледини за пикник, пешачки и трим патеки. Овој предел на Зрновска Река располага и со богатство од флора и фауна со ретки примероци за истражување, изјави градоначалник на Зрновци Блаже Станков.

Дека туристичките перспективи на општина Зрновци се реални зборува и постоечкиот археолошки локалитет Моробиздон,  манастирите и црквите во Видовиште, Мородвис и Зрновци, и многу други раритети кои доколку соодветно се промовираат, можат да привлечат голем број туристи од земјава и од странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top