| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Елизабета Линднер Костадиновска

По повод наградата која „Концепт 37“ ѝ ја додели на третото издание на саемот за современа уметност „Паратисима“, на на Елизабета Линднер Костадиновска на 17 мај ќе биде отворена првата самостојната изложба на уметницата.

Наградата на Елизабета Линднер и беше доделена за колажот со текст Стејт оф арт (State of Art) (2015). Ќе бидат изложени колажи со текст, цртежи, цртежи со текст, текст со цртежи – тоа се „техниките“ на делата од кои произлегуваат и експериментални текстови/песни.
Освен актуелните дела, посетителите ќе имаат можност да разгледаат и „ликовни документи“ од далечното минато на авторката. По претставувањето на изложбата на Линднер во „Концепт 37“, ќе биде отворена 7 дена.

елизабета-линднер

Елизабета Линднер Костадиновска е родена во Скопје во 1971 година. Дипломирала германистика на универзитетот во Скопје (2001), потоа заминaла во Германија каде студирала Современа германска литература и славистика на универзитетот во Регенсбург, каде во 2005 и магистрирала. Во 2006 година се преселува во Берлин, каде оттогаш живее и работи самостојно како литературен преведувач, книжевен уредник, поетеса, авторка, уметница, но интензивно соработува на проекти во Скопје, особено со „Блесок“ и Игор Исаковски.
Добитничка е на повеќе награди и бројни стипендии за литературен превод, превела повеќе книги на македонски, пишува и преведува поезија на германски, уредник е на порталот „СловоКулт“. Нејзините уметнички дела учествувале на повеќе групни изложби во Берлин, Скопје и на Бош фестивалот во Гевгелија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top