„Другата страна на надежта” – е филм на Аки Кауришмаки со отворен среќен крај и награден со Сребрена мечка за режија на 67. Берлински фестивал, а домашната публика ќе може да го погледне во кината од денес.
Најновиот филм на Кауришмаки е необична приказна за пријателство, која зрачи со топлина,човечност, емпатија и разбирање. Јунаците во филмот се Валдемар Викстрем, синоок средовечен господин кој работи како трговски патник и Сириецот Халед кој ја препешачи сириско-турската граница, бегајќи од војната. Халед, кој бара азил во Финска, чекајќи ја својата судбина го запознава трговскиот патник кој ќе му стане пријател и заштитник.
„Другата страна на надежта” е втор од трилогијата на филмови планирани од Кауришмаки за пристанишните градови и уште еден кој покажува за богатството на социјалната нерамнотежа. Во главните улоги ќе ги гледаме финските глумци Сакарија Куосманен и Шерван Хајиа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
По Париз, денеска протести и во Берлин: Незадоволство од цените на станарините
-
Вучиќ во Берлин ќе се сретне со Меркел