| четврток, 6 декември 2018 |

Во Русија спречени 300 терористички злосторства и запленети 6.000 тони експлозив

Повеќе од 300 злосторства поврзани со тероризам се спречени во Русија во последните пет години и запленети се околу 6.000 тони експлозив, изјави помошник-секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Алексеј Павлов.

Павлов го потврди тоа во интервју за руските медиуми по повод 25-годишнината од основањето на Советот.

– Со соодветни мерки кои ги презедоа безбедносните и полициските служби спречени се повеќе од 300 терористички злосторства во последните пет години – истакна Павлов.

Тој нагласи дека во рамки на специјалните мерки и антитерористичките операции во Северен Кавказ во период од 2012 до 2016 година се убиени над 1.200 екстремисти кои давале оружен отпор, вклучувајќи и 201 лидер. Павлов додаде дека вкупно се приведени 3.600 екстремисти, а 304 екстремисти и нивни приврзаници успешно се убедени да прекинат со нелегалните дејствија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top