Во анкетата на „Република“ влегоа 9 „тешкаши“ во македонското новинарство по разни критериуми. Уште најмалку дузина други требаше да влезат на оваа листа но за нив ветуваме дека ќе има и друга прилика нивните квалитети да бидат ставени на гласање.
На позицијата број 1 на анкетата е Дарко Чекеровски уредник и водител на вестите на Телма. Анкетата ја прифаќа како сериозна шега.

Под 2 е Марјан Николовски на фејсбук познат под уметничкото име Константин Христов
На трето место по позиција за гласање е Горан Момироски – Уредник и новинар на Канал 5 и колумнист во Република. Тој си мисли дека заслужува да биде дел од „нормална“ анкета до 90 килограми ама за тоа ќе мора да симне минимум 20 кила.
На четврта позиција е Мишко Иванов новинар на ТВ 24 Вести. Тазе оженетиот Иванов засега е во водство. И тоа големо.
На позиција број 5 е Валентин Николовски од ТВ Сител водител на вести но и познат како човек со одличен глас и затоа можете да го слушате и во бројни реклами
Не е забуна, не е грешка, ова е Горан Момироски, дописникот на телевизија „Телма“ од Охрид. Да, има исто име и презиме како уредникот на „Канал 5“ и колумнистот на „Република“. Се дружат со другиот Горан, посебно на асталите по охридските кафеани. Најважно е дека имаат желба да ослабнат.

Перо Момировски, спортскиот коментатор на Алфа повеќе од две децении го збогатува медиумскиот просторот, а познавачите на спортот знаат дека голем спортски настан не може да мине без него. Моментално е акутелен како коментатор на Ролан Гарос, а потоа се знае, оди на одмор во Мелничани.
Игор Крстевски, новинарот на порталот МКД можеби во јавноста не е многу експониран, но оние што следат кошарка знаат дека нему информација не може да му побегне. Секторот го следи одлично.
Новинарот Горан Антевски од „Дневник“ е прв избор за пикер или пак голман кога новинарите кои следат ракомет играат против официјални лица или тренери на ревијални натпревари. Нешто да се случува во македонскиот ракомет а тој да не знае? Нема шанси….
И на крај на анкетата, но, секако не и последен, новинарот на „Република“, Наум Стоилковски. Денот на вработените во неделникот би бил тажен ако не е Наум. Што вкусно ќе јадеме денеска?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст










