„Волво“, шведска автомобилска компанија дел од кинеската корпорација „Џили“, годинава ќе ја зголеми продажбата во Кина за околу 20 процени. Утре треба да се отвори првата фабрика на „Волво ПВ“ во Кина, каде што ќе се произведува моделот „волво С60Л“, продолжена верзија на „С60“, а за в година се најавува уште еден модел од „Волво“.
Досега само 15 проценти од автомобилите на „Волво“ продадени во Кина се произведени во земјата, значајно помалку од конкурентите „Ауди“ и „БМВ“. Пресметките се дека новата фабрика ќе покрие дури 70 проценти од кинескиот пазар со оваа марка автомобили. Триесет проценти ќе продолжат да се произведуваат во Белгија и во Шведска.
Прогнозите, пак, од другата страна, на американскиот континент, се дека „волво“ како автомобил од средната класа, следната година ќе исчезне од тој пазар. Според порталот „24/7 Волстрит“, кој годишно објавува ваква листа, „волво“ возилата се „премали за Американците“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.