Со проекција на филмот „Долга приказна“ во режија на Осман Синав, вечерва, 10 мај, во Македонскиот народен театар почнува Неделата на турски филмови…
До 14 мај публиката ќе може да ги погледне филмовите „Танц со којотите 4“, „Чанаккале крајот на патот, „Збогум Катја“ и „Раната на мојата мајка“.
Филмовите ќе бидат прикажани во кино „Милениум“, од 17 и 20 часот. Влезот е бесплатен.
Манифестацијата е под покровителство на главниот советник на турскиот претседател и поранешен министер за култура и туризам на Турција Јачин Топчу, Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, Турската меѓународна агенција за соработка и развој (ТИКА) и агенцијата „Домородна мисла“.
Турската амбасадорка во Република Македонија Тулин Еркал Кара на денешната прес-конференција истакна дека е многу значајно претставувањето на турската култура и јазикот на овие простори.
Според неа, турските филмови и серии придонесуваат за полесно изучување на турскиот јазик кај Македонците. Таа потенцира дека дел од турските уметници првпат доаѓаат во Македонија и оти ќе имаат прилика да ја видат Старата скопска чаршија, турските села и цела Македонија и од нив, како што рече, да произлезат посебни приказни за нивните наредни дела.
Топчу изрази благодарност до сите кои придонеле за претставување на турскиот филм и култура на овие простори.
– Со посредство на филмот ќе придонесеме за поголема соработка, мир, развој и запознавање, истакна Топчу. На прес-конференцијата присуствуваа повеќе турски режисери, актери и продуценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст