| четврток, 6 декември 2018 |

Нè чека пеколно летото никогаш потопло, температурата ќе го собори историскиот максимум и тоа не е сè!

zesko

Долги периоди на топло време, вклучувајќи и неколку опасни топлотни бранови, ќе ги одбележат временските околности за време на летото во јужна и во источна Европа, објави „Акуведер“.

Долгото топло лето и долгите периоди со темепература над просечната за тој период од годината ќе го зафатат просторот од Италија до Балкански Полуостров.

Наспроти тоа, жителите на Велика Британија и Ирска нема баш да се загреат ова лето, а земјите од Франција до Чешка ќе имаат и мноштво ветрови.

Нашиот регион, посебно во јули и во август го очекува опасна и врела температура повеќе од 32 степени, кои ќе се задржуваат подолго време.

zesko2

-Рекордно високата температура можни се за време на најинтензивните топлотни бранови – предупредува меторологот Алан Реперт.

zesko3

На Македонија, Бугарија, Унгарија и Романија им се заканува најголема опасност од жештините, а дополнителен проблем ќе биде смогот и лошиот квалитет на воздухот. Екстремните жештини во јужна и во источна Европа ќе ја ограничат количината врнежи, што ќе го зголеми ризикот од суша, од што најпогодено ќе биде земјоделството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top