Иако турските медиуми пишуваа дека и дојде крајот љубовната врска на актерот Бариш Ардуч и актерката Гупсе Озај, сепак излезе дека вистината е многу поинаква и пред се разочарувачка за милиони обожавателки на турскиот заводник.
Токму кога женската популација се израдуваа дека Бариш и Гупсе повеќе не се заедно и почнаа да му ја кројат заедничката судбина со Дефне или колешката Елцин Сангу од серијата „Изнајмена љубов“, се појави шокантна вест која никој не ја очекуваше.
Имено, во турските таблоиди врие од написи дека деновиве Ардуч ја побарал девојка си за сопруга, бидејќи што поскоро сака да стане татко. Двојката е во врска од 2014 година, а пред неколку месеци и официјално се запознале нивните семејства. Сега веќе ја планираат и свадбата за која се шушка дека ќе се случи годинава кон крајот на летото.
Популарната двојка се уште размислува каде ќе се случи свеченоста, во родниот Измир на Гупсе или во Истанбул по желба на Бариш. Оваа информација освен во медиумите се појави и на еден од неговите профили на социјалните мрежи, по што обожавателките збеснаа за неговиот избор на животна сопатничка.
Дека веста не ги израдува Фановите на „Омер“ сведочеа и погрдните коментари за Озај која според нив не е вистинскиот избор за него, туку колешката Елцин Сангу.
Дали ќе остане само на ова или навистина ќе се случи свадба останува да видиме…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст