Во новиот број на „Република“ ќе читате:
Македонија под окупација на големите сили
Западот инсталира квислиншка власт за промена на името
Додека Европа ја прославува годишнината од победата над фашизмот, бриселските дипломати во Македонија инсталираат тоталитарен режим со помош на фашистички методи и техники. Поразително е да се гледа како по повеќе од седум децении по падот на нацистичка Германија, нацистичките методи за поробување држави и уништување народи сѐ уште се живи и активни. Огромна заслуга за враќањето на фашизмот на голема врата во Македонија имаат структурите на ЦИА од „дип стејт“, Џорџ Сорос, албанските радикали и македонските квислинзи кои се дрзнаа да тргнат против сопствениот народ за да се дограбат до власт по секоја цена.
За да се оправдаат силувањето на демократијата и уништувањето на една цела држава за потребите на надворешни центри на моќ, најважна работа беше да се заменат улогите на жртвите (народот) и насилниците (предавниците од СДС и албанските радикали). За таа цел беше употребена скандалозната тиранска платформа – адаптирана верзија на Карлсбадската програма од 1938 година со која фашистичка Германија си обезбеди алиби за окупацијата на Чехословачка во походот за реализирање на сонот на фирерот за создавање на Третиот Рајх.
Рама и Заев со стратегија на Хитлер
Тиранската платформа е фашистичка техника за предизвикување војна
Додека дел од јавноста сѐ уште одбива да прифати дека домашните предавници со помош на надворешни центри на моќ спроведуваат процес за уништување на Македонија, историјата точно ни покажува со какви фашистички методи и тактики се служат Еди Рама и Зоран Заев во реализацијата на монструозниот план, но и нѐ предупредува на тоа што нѐ очекува во блиска иднина. Планот за создавање Голема Албанија со кој ЦИА, Сорос и некои западни дипломати, меѓу другото, сакаат да го затворат и македонското прашање е неверојатно сличен со тој на Хитлер, кој водејќи се од сонот за голема Германија пред окупацијата на Чешка во 1938 година ја измислил карлсбадската програма, која е предок на денешната тиранска платформа. Всушност, тоа што денес се случува во Македонија, застрашувачки потсетува на сето тоа што се случувало во Чехословачка непосредно пред инвазијата од Германија и пред почетокот на Втората светска војна. Дали Македонија ќе ја доживее судбината на окупирана и поделена Чехословачка, останува времето да покаже.
Конспиративните теории стануваат реалност
Македонија жртва на линијата на огнот
Последните случувања во Македонија и регионот се дел од познатата матрица на недоверба и страв од непознатото. Оваа специфична психолошка ситуација зачинета со изјави од типот „Македонија се наоѓа на линијата на огнот меѓу Русија и САД“, искажани од државен секретар на најмоќната држава на светот, ги прави овие стравови пореални. Неказнувањето на изјавите од типот „Ќе се обединиме со Косово ако не нѐ примите итно во ЕУ“ на протежето на западот Еди Рама е само уште еден показател дека теориите на заговор не се само празни муабети.
ВМРО-ДПМНЕ застана пред граѓанска војна
Не успеа подметнувањето на „украинското сценарио“
Ниту начинот, ниту времето на превратот во Собранието на Република Македонија не беше осмислено од таканареченото ново парламентарно мнозинство. За идејата се знаеше од порано, а се чекаше само сигналот од режисерите на целата игра. Поентата беше не само да се заземе парламентот, туку и да се исценира граѓански судир, кој ќе ги отвори вратите на војната, заговарана со планот „линија на огнот“. Всушност, со тој чин на провокација се сакаше да се постигне и оцрнување на „За заедничка Македонија“, но и оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ, која од политичка партија, со вадење на „кубурот“ ќе беше посочена како насилна организација, која мора да загуби секаква политичка легитимност. Патот на федерализацијата на државата тогаш ќе се одвива непречено. Потегот што го повлече ВМРО-ДПМНЕ, колку и да засега во чувствата, беше избегнување на стапицата за вовед во граѓанска војна во Македонија. Притоа, не се дозволи најголемата партија што ги штити националните и државните интереси на Македонците да биде оквалификувана како организација што треба да се искорени. Да биде претставена како еквивалент на фашистичката „Златна зора“ во Грција. И, секако, со тоа се осуети планот за вооружен судир, за граѓанска војна во државата за да се прикрие превратот, па и формирање влада без дозвола од претседателот на државата.
Реакции против САД во балканскиот котел
Конгресмени во итна мисија на Балканот
Претседателот на Комитетот за правосудство на САД, Боб Гудлате, предводи делегација од 15 члена на итна мисија во Грција, БиХ, Албанија, Македонија, Косово и Италија, каде што сѐ повеќе докази покажуваат дека фаворизирањето од ерата на Обама продолжува – на штета на граѓаните, локалните институции, како и на регионалната стабилност.
Конгресната делегација замина на десетдневна истрага во саботата додека Конгресот паузира.
Вработен во секторот за комуникации во Комитетот за правосудство одби да коментира наведувајќи безбедносни причини.
Иако шест од девет члена што патуваат се републиканци – вклучувајќи ги конзервативците како Стив Кинг и Том Марино – карактерот на конгресното патување во странство зависи од Стејт департментот; во овој случај, амбасадорите во секоја земја се од администрацијата на Обама кои продолжуваат да спроведуваат наследена политика.
Што стана со заевите „бомби“ за шест амбасадори?
Како Македонија стана пример за дипломатска лакрдија
Време кога амбасадорите „ораат“ по Македонија. Или, сепак, само посакуваат да добијат толкаво значење. „Офанзивата“ им е во тек, но ќе успеат ли во ниетот да создадат влада и послушници според предвидениот лик и потреби? Како „навиени“ марионети со идентичен вокабулар, па дури и со иста фацијална експресија, гледаме како во бранови само се менуваат ликовите на странските кукли, кои механички одобруваат сѐ што ќе сторат СДС без М и тиранските коалиционери. Но, како сите да заборавија една многу битна работа. Официјално, Заев имаше „бомби“ за најмалку шест амбасадори. Муртинецот имаше и има интимни разговори на амбасадорите? Им ги даде и транскриптите. Споредете ја и бројката на емисарите со таа на неговите најсилни емисарски поддржувачи. Исто шест?! Премногу случајности…
Колумна, Ацо Станковски
Принцип
Деновите стануваат апатични, а, сепак, неизвесни. Народот се стабилизира од пучот и неговите консеквенции. Секогаш е така кога пучот успева, диригиран од ужасните пипала на Длабоката држава и чудовиштето што живее во длабините на нејзиното мочуриште. Тоа е мочуриштето на моралот и доблесноста, тоа е пеколниот амбис на моќта од овој свет.
Ова чудовиште е стрвно за човечко страдание. За сурово месо од луѓе, за нивната животна сила, за нивните души. Ова последното најмногу го возбудува, го полудува, го фрла во монструозен транс, ова одвратно чудовиште, што лежи во длабините на мочуриштето од Длабоката држава и управува со своите латифундии. Камшиците фрчат, робовите пискаат, хоризонтот е црн. Хоризонт, создаден од брда и планини од ѓубре. Стравотни чадови со одвратен мирис и отровен ефект од здравиот разум левитираат низ крајоликот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст