| четврток, 6 декември 2018 |

Конгресмени во Скопје ќе проверуваат како работеле УСАИД, а Соросовите медиуми во кампања за креирање магла

akt242-us-amb-Bejli-soros-740x320

 

Соочени со обвинувања од страна на американски конгресмени, угледни аналитички организации и истражувачката мрежа Џудишал Воч, за своите злоупотреби во трошењето на државните средства во Македонија, дипломатите од американската амбасада во Скопје и од Стејт Департментот одлучија да бараат помош од медиумите кои се поврзани или финансирани од мрежата на Сорос. Истите тие медиуми кои се платени за објавување нарачани политички текстови со цел вршење притисок врз политичари и влади, во изминатиот период беа активирани да објават серија текстови во поголем број списанија упатени на сметка на групата конгресмени и сенатори кои побараа истрага во американската амбасада во Скопје и смена на амбасадорот Џес Бејли.

amerikan spektator

Пред неколку дена, од САД стигна нова информација според која во „итна мисија“ на Балканот заминале на 15 конгресмени предводени од републиканецот Боб Гудлат со задача да ја ревидираат работата на американските амбасадори кои се уште ја спроведуваат политиката на Обама. Објаснувајќи ги причините за мисијата на конгресмените, медиумите во САД пишуваат дека „Балканот е регион со растечки тензии, каде се уште во сила е пропаднатата политика на Обама и Сорос и каде што се фаворизираат некои кругови на штета на граѓаните, локалните институции и регионалната стабилност“. Како и во сите претходни случаи кога беа објавувани информации за истраги и злоупотреби од страна на американските дипломати во Скопје, Република дознава дека и овој пат се очекува преку соросови медуми да биде дефокусирана јавноста со нарачани текстови.

politico-us-baily

Нарачани текстови или текстови на кои соработуваат новинари кои добиваат пари од мрежата на Сорос или од дипломатски извори претходно беа објавени во повеќе странски медиуми, меѓу кои и во Њујорк Тајмс. Политичкиот портал Политико објави текст во кој позитивно ги цитира амбасадорот Бејли и директорот на УСАИД Македонија Џејмс Стајн, а ги критикува сенаторите кои се “дрзнале” да побараат истрага за нив. За авторот на овој текст во Политико, Кен Вогел, набргу се покажа дека порано работел за фондацијата на Сорос.

goran buldioski foreign policy

Форин Полиси објави нарачан текст од Горан Булдиоски, директор во фондацијата на Сорос. Максим Такер, поранешен новинар Тајмс и Политико, кој сега работи во фондацијата на Сорос и ја посети Македонија пред неколку месеци, објави веројатно платен текст во Њузвик.

Во кампањата со нарачани текстови се вклучува и истражувачката новинарска мрежа ОЦЦРП, која е директно финансирана од страна на Фондацијата Отворено Општество и УСАИД.  Седиштето на ОЦЦРП е во Сараево, а има мрежа низ целиот Балкан.

occrp

Со години наназад, оваа организација известува крајно пристрасно и еднострано од Македонија, објавувајќи наводни корупциски скандали од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а  игнорирајќи ги бројните скандали на Заев и на СДСМ. Ако видиме кои се соработниците на ОЦЦРП во Македонија начинот на известување не е никакво изненадување. ОЦЦРП води портал наречен Скуп, во кој соработува Зоран Иванов, скандалозниот поранешен портпарол на претседателот Бранко Црвенковски, најдобро познат по неговата вмешаност во аферата Надеж и милионскиот грабеж на државни пари извршен преку неа. Иванов сега работи про-сдсмовската телевизија 24. Оваа новинарска мрежа исто така соработува и со порталот Нова ТВ на Борјан Јовановски.
Новинари на ОЦЦРП се обидувале да заплашат и изманипулираат дел од поддржувачите на кампањата да се истражат злоупотребите на американската амбасада во Македонија. Се работи за двојна злоупотреба – ако се има предвид дека ОЦЦРП е делумно финансиран од УСАИД, тоа практично претставува  ситуација во која американски дипломати користат медиуми што се под нивна контрола за да спречат известување за финансиските и политичките злоупотреби кои ги вршеле во Македонија.

Според сознанијата на Република најновиот проект за нарачани манипулативни текстови е доверен токму на ОЦЦРП. Проектот не е одобрен на скопскиот огранок, туку се координира преку Сараево, каде што нарачателите сметале дека имаат повеќе капацитети. Целта на овие нарачани текстови е да се направи целосен дефокус од делувањето на Сорос во Македонија и неговата симбиоза со УСАИД, односно да се прикрие реалноста, а преку наменски текстови да се отворат други теми.

Нас не интересираше колку пари се доделени за овој проект, кој се е ангажиран, колкумина се ангажирани и слично, но до овој момент не успеавме да воспоставиме контакт со директорот Обери Белфорд кој е прв човек на мрежата во Сараево.

sdsm-soros-bejli1

Американските дипломати сфаќаат дека со буџетот предложен од страна на претседателот Доналд Трамп драматично ќе се скратат финансиските средства за овој вид на злоупотреби, делење пари на новинари и невладини организации кои се блиски до нивната лева политичка опција и финансирање на проектите на Џорџ Сорос. Тие знаат дека со секоја нова вест во Вашингтон за досега извршените злоупотреби се засилуваат повиците да се стави крај на оваа корумпирана пракса, и затоа користат новинарски проекти, кои наводно треба да се борат против корупцијата, за да ги замолчат тие што ги критикуваат и кои поставуваат прашањата за нивната работа.

Ваквата пракса за објавување нарачани текстови за притисок врз политичари и влади се очекува да продолжи и во иднина имајќи предвид дека истрагите против амбасадорот Џес Бејли и УСАИД во Македонија ќе добиваат на интензитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top