Домот за деца без родители „11 Октомври“ е добитник на првата награда за најдобар филм во Бари, Италија, на регионалниот фестивал за филм и детски цртажи „Бене – Мале“.
Станува збор за филмот „Два света“, краткометражен, што децата го снимија со своите воспитувачки на дадената тема од организаторите „Здрава љубов – болна љубов“. Го прикажува животот на едно девојче во домот за деца без родители и животот на друго девојче во сопствен дом со своето семејство.
– Премногу сме горди и среќни за успехот на филмот на нашите дечиња. Фестивалот традиционално се одржува секоја година во Италија и е посветен на децата, нивниот развој, детството. Се претставивме со филмот „Два света“, кој ни донесе голем успех и признание, изјави директорката на „11 Октомври“ Ристенка Атанасова.
Покрај учеството во филмскиот дел на фестивалот, беа претставени и цртежи од децата, а претставниците од Домот учествуваа и во трибина на тема семејно насилство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст