| четврток, 6 декември 2018 |

Документарец открива нови детали за последните денови на принцезата Дијана

Во склоп на документарецот „Последните 100 дена на Дијана“ на британскиот новинар Мартин Машир се откриваат нови, досега непознати детали околу последните денови од нејзиниот живот.

Во документарецот се тврди дека љубовта на нејзиниот живот бил Хаснат Кан, хирург од Пакистан кој работел во Лондон. Се запознале во болницата каде била на лекување нејзина пријателка Двајцата биле заљубени еден во друг, но Кан не бил сигурен дека нивната врска има иднина поради културните разлики и медиумското внимание што би го предизвикала нивната врска, а тој не бил подготвен на тоа.

Во текот на службената истрага за смртта на Дијана Кан изјавил дека таа ја криела од него врската со Доди ал Фајед и дека последната ноќ постојано ја барал на телефон, но не можел да ја добие и мислел дека го сменила бројот.

Леди Ди ги мразела медиумите, но знаеше да ги сврти во своја корист. Често се лутеше за изјави и интервјуа на нејзини пријатели и членови на семејството.

Кралскиот портпарол Дики Арбитер вели дека принцезата се чувствувала „како некој да ја прогонува и лови“.

Дијана не сакала да танцува со Џон Траволта на една вечер, туку со Михаил Баришњиков кој бил нејзин „јунак“, но одлуката тоа да биде Траволта ѝ била наметната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top