Една од најголеми актерски ѕвезди на екс-ју просторите Светлана – Цеца Бојковиќ (69) во мај ќе одбележи шест години откако стапи во брак со истакнатиот дипломат Славко Круљевиќ (67).
Инаку, Цеца и нејзиниот сопруг, кој сега е во пензија, минатата година се вратиле од Хелсинки.
“Сега мојата актерска работа е во преден план, сега тој мене ме чека јас да се вратам дома од работа”, вели актерката.
Меѓутоа пред да го запознае Славко, Светлана Цеца Бојковиќ двапати го има изговорено судбоносното “да”. За прв пат на колегата Милош Жутиќ, а втор пат исто така на колега, на Љубомир Драшкиќ Муци.
“Првиот пат кога се омажив бев многу млада. Покојниот Милош бил стабилен а во душата вистински актер. Тој во мене го поддржуваше сето она актерско што го носев, затоа што со некој груб човек, тоа ќе можеше да исчезне. Тој во мене успеа да го поддржи чистото зрно на добрина и искреност во театарската работа “, изјави Цеца во една прилика.
Двојката се разведе по 18 години брак, а актерката неколку години подоцна се омажи за колегата Љубомир Драшкиќ Муци, со кого беше до неговата смрт, 2004 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст