| четврток, 6 декември 2018 |

Пратеник и поранешен директор на „Лукоил”, се удави во Мртвото Море (Фото)

Пратеникот на Државната Дума на Русија Васил Тарасјук почина за време на одмор во Израел. Ова го соопшти интернет – изданието Znak.com, повикувајќи се на колеги на Тарасјук. Според изворите трагедијата се случила уште во саботата на 6-ти мај.

РИА Новости, на тој ден објави за починувањето на 67-годишен руски турист, кој се капел во Мртвото Море. Израелскиот сајт IOL истакнува дека “мажот лежел без свест на плажа, немал пулс и не дишел”.

Спасувачите се обиделе да го реанимират, но пое долги напори ја констатирале смртта. Смртта на Тарасјукк беше потврдена и од помошникот на парламентот Галина Лјакишева.

Таа додава дека не се познати околностите околу смртта на пратеникот.

“Тарасјук е роден во Украина и развивал кариера во системот на нафтената индустрија. Пред да стане пратеник, се занимавал со управување на нафтените компании “Ватеганефт “, а во Лукоил, тој бил генерален директор на Афипскиот нафто-преработувачки објект.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top