Туш кабините се топли и влажни места, рај за бактерии и други микроорганизми кои се држат заедно и живеат во заедници.
Чистењето на кадата и тушот е исклучително важно бидејќи овие места се влажни, а влагата е идеалната средина за формирање на бактерии. За да го спречите создавањето на колонии непосакувани гости, препорачано е да ги чистите овие места најмалку еднаш или два пати неделно.
“Бактериите, по дефиниција, не претставуваат закана. Многу бактерии се корисни и помагаат при зајакнување на имунолошкиот систем. Луѓето се постојано изложени на нив, ги има во прашината, воздухот, храната, при контакт со други луѓе и особено домашните миленичиња”, изјавил Метју Геберт, истражувач од Универзитетот во Колорадо.
Нетуберкулозни микробактерии (НТМ) има во водата и во солта, но можат да се најдат и на тушевите. постојат 150 видови од овие бактерии кои се сосема безопасни, додека има и некои кои можат да предизвикаат сериозна пневмонија, особено кај оние со ослабен имунитет.
Тука е и Легионела, малку позната но широко распространета бактерија која се населува на водените, влажни средини и предизвикува Легионерска болест, еден вид на воспаление на белите дробови.
Сепак, колку и да изгледа алармантно, не би требало веднаш да почнете да паничите и да го фрлите тушот кој го имате. Еве неколку совети кои може да започнете да ги практикувате.
Метален туш
Истражувањата покажуваат дека бактериите повеќе се акумулираат на пластика отколку на метал.
Редовно чистење
Одржувајте хигиена, чистете ја редовно вашата када и туш кабина и перете ги завесите. Понекогаш можете дупчињата на тушот да ги истругате со посебна четкичка за заби или да го потопите во сад со јаболков оцет. Оставете го да стои еден час, а потоа исплакнете.
Имајте на ум дека не постојат средства или техники кои засекогаш ќе ги уништат бактериите. По неколку дена, малите суштества повторно ќе си се појават.
Бидете внимателни со јавните тушеви
Избегнувајте ги јавните тушеви или бидете особено внимателни со нив. Постои поголем ризик дека ќе соберете некоја бактерија ако имате отворена рана. Или можете да си направите атлетско стапало или микоза.
Никогаш немојте ни да помислите да се туширате боси во јавен туш. Немојте ниту да зачекорите боси во негова близина. Без разлика дали станува збор за туш кабината во вашата теретана, базен, компанијата во која работите. Носете си папучи или воопшто не ги употребувајте.
Ако вашиот имунитет е ослабен, наместо туширање се предлага да се бањате во када. На овој начин ги намалувате шансите некои од опасните бактерии да ви завршат во носот или устата. Но не заборавајте и кадата редовно да ја чистите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст