| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи го распушти косовскиот Парламент

Претседателот на Косово, Хашим Тачи денеска го распушти Парламентот, откако мнозинството пратеници изгласаа недоверба на Владта.

Во рок од 45 денови треба да бидат организирани предвремени парламентарни избори, една година порано од предвиденото.

Парламентот на Косово претходно го поддржа предлогот за гласање недоверба на Владата на Иса Мустафа со 78 гласови „за“, 34 „против“ и тројца „воздржани“. Парламентот на Косово има 120 пратеници.

Предлогот за гласање на недоверба беше поднесен од опозициското движење Иницијатива за Косово и беше поддржан од пратениците од Алијансата за иднината на Косово и движењето Самоопределување, Гласањето за недеворбе беше поддржано и од неколку пратеници на владејачката коалиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top