Здружението на ветераните од војната на Ослободителна Национална Армија (ОНА) му го честита изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.
Во продолжение интегрално го пренесуваме писмото до Џафери
Имајќи предвид дека и вие како и многу други чеда ја имавте облечено униформата на ОНА, исто така и како докажан министер за одбрана во Владата на РМ, веруваме дека вашата професионална работа ќе резултира со успех во гарантирањето на владеење на правото и функционирање на правната држава.
Остануваме со надеж дека во духот на новата полтика на оваа држава ќе цели кон граѓанскиот концепт, непрескокнувајќи го Законот за решение на статусот на случувањата од 2001 година.
Се молиме, вашето доаѓање на позицијата Претседател на Собранието да биде најцврстиот доказ дека целта за појавување на ОНА беше да обезбеди мир и стабилност во земјата и регионот.
Ви посакуваме многу успеси во понатамошните случувања и работата заедно со новата влада која ќе се избере.
Претседател на ЗВВ-ОНА: Даим Хисени
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.