| четврток, 6 декември 2018 |

Загрепчанка имала секс со 100 момчиња за еден месец

Младата загрепчанка ова го направила заради кладба

14-годишно девојче од Загреб имало секс со 100 момчиња за еден месец! Целото одделение кај што учело девојчето се обложило кој ќе има најмногу сексуални односи, а победило девојчето, кое во еден месец имало сто сексуални партнери.

Гордана Булјан Фландер, психолог и директор на Одделот за заштита на деца во Загреб, за тамошните медиуми вели дека сексуалните активности на денешните тинејџери ги загрижуваат школските психолози.

“Се сеќавам на случај кога цело одделение се обложило околу бројот на полни односи. Победило девојче, кое за еден месец имало 100 сексуални партнери. Сето ова се случувало во едно загребско основно училиште”, раскажала таа.

“Ученичката ја пративме на третман за да се увериме во нејзините прави вредности и однесување. Но, беше предоцна. Штетата беше веќе направена и девојчето го превземаа стручни служби. Тие и објаснија дека не е потребен ваков начин на докажување”, додала таа.

“Сите денешни списанија и магазини се преполни со насилни и сексуални содржини, па таквите пораки се пренесуваат на децата. На децата треба да им се посочат други вредности и други херои”, заклучила Булјан Фландер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top