| четврток, 6 декември 2018 |

Нападнато обезбедувањето на ГОБ „8 Септември“

Вчера во 13.40 часот во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје, обезбедувањето од агенција за обезбедување физички било нападнато од повеќе лица, кои биле со две возила, од кои едното „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, по што избегале.

По кратко време, од страна на полициски службеници, возилото „БМВ“ било запрено на подрачјето на полициската станица на Бит-пазар, при што е приведен М.Р. (27) од с.Батинци, Скопско, додека другите две лица со непознато возило избегале.

Во ГОБ „8 Септември“ лекарска помош побарале лицата А.Л. (30), Е.К. (27), С.А. и А.Л., сите вработени во агенција за обезбедување . Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top