| четврток, 6 декември 2018 |

Избегал од сопствената свадба поради вегетаријанското мени

Индиец ја откажал свадбата затоа што семејството на неговата избраничка поради немање пари организирало да има само вегетаријански закуски на трпезата.

Свадбената церемонија требало да се одржи во Кулхеди, во сојузната држава Утар-Прадеш. По изненадувачкото исчезнување на младоженецот, се случило уште нешто (не)очекувано. Непријатната ситуација ја „спасил“ еден од гостите, кој веднаш ја искористил истата и и предложил брак на невестата, којашто пак, фатена во небрано, прифатила.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top