Кога гледа профили на преубави девојки на Инстаграм, обично не знаеме што се крие зад фотографиите. Тие се во состојба да привлечат илјадници следбеници, но обично зад убавината и гламурот кој го прикажуваат, често се крие живот кој не е толку раскошен.
На прв поглед Маријана Сфакианакс не е ништо поинаква од бројните убавици кои ги гледаме на интернет, но нејзиниот живот го одбележала голема борба против болести и макотрпна работа.
Таа неодамна објави фотографии на кои многумина не би ја препознале. Маријана се родила прерано, поради што заболела од церебрална парализа.
-Како дете не можев да разберам што и ми се случува и зошто сум поинаква од другите деца. Често ме малтретираа, бидејќи бев во количка и не одев како нив- напишала Маријана.Се до шестата година минувала низ најтешкиот период од животот, се соочувала со многу предизвици и депресија. Потоа отишла на операција по што започнала мачната и болна рехабилитација, која траеле осум месеци.
Една година подоцна продолжила да се бори за здравјето. Нејзиното главно оружје биле спортот и вежбањето.
Напорните тренинзни и помогнале, не само да зајакне и добие фантастично тело, туку да добие и самодоверба. Таа сега на Инстаграм испирира пријатели да не се откажуваат и покажува дека можат да се остварат сите соништа, ако бидат упорни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.