| четврток, 6 декември 2018 |

Поднесена претставка до Уставен суд за изборот на Талат Џафери

Тодор Петров од Светскиот македонски конрес поднесе претставка до Уставниот суд на Македонија за изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.

Петров смета дека Талат Џафери е нелигитимен претседател на Собранието на Република Македонија, независно од тоа што одлуката е веќе објавена и испечатена во службениот весник и стапила на сила.

Како што тврди за медиумите, Талат Џафери нема легитимитет да се претставува како претседател на Собранието, бидејќи е избран спротивно уставот, законот за Собранието и деловникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top