| четврток, 6 декември 2018 |

Кумановци порачаа единствено решение се избори

kumanovo-protest-1Кумановци и вечерва се приклучија на маршот што го организира иницијативата „За заедничка Македонија“ и уште еднаш побараа отфрлање на тиранската платформа, зачувување на унитарниот карактер на државата и избори со кои, како што велат, ќе се реши оваа криза.

Овој пат граѓаните маршираа од Соколанскиот парк, по што продолжија да се движат по централните градски улици и маршот го завршија пред платото на Центарот за култура, каде се обрати актерката Вера Ристевска. Таа рече дека граѓаните и покрај сите закани, против сите авети кои се создаваат од сите страни и надвор и внатре се наоѓаат пред долг пат и битка. Решението, како што истакна се избори.

Протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“ продолжуваат и утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top