| четврток, 6 декември 2018 |

Србов: Штом беа спремни да се судрат со народот, спремни се да направат влада без разлика дали Иванов ќе им го даде мандатот или не

nikola-srbov-768x432
Иванов не треба да го даде мандатот за да не му даде легитимитет на Талат Џафери, смета политичкиот аналитичар Никола Србов.

– Граѓаните утре на легален начин ќе бараат предвремени избори заради нелегалните случувања во парламентот, но на Иванов му се врзани рацете. Што може да направи како претседател? Тие ќе направат влада, во секој случај ќе направат влада. Тоа да им биде јасно на сите веќе. Дали Иванов го дал или не го дал мандатот, изјави Србов во Отвореното студио на ТВ Нова.

– Штом беа спремни да влезат во судир со народот во Собрание за избирање на претседателот, мора да сметаме дека тие се спремни да одат влада да прават, без разлика дали Иванов ќе го даде или нема да го даде мандатот, додаде Србов.

Тој порача дека граѓаните мора да се смират и дека претседателот Иванов не може да прогласува вонредна или воена состојба.

– Нека излезат правници нека кажат, не сум правник, но знам дека вонредна состојба се прогласува при елементарна непогода, а воена состојба се прогласува при евентуален физички напад на државата од надвор, вели Србов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top