| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна ситуација во Вашингтон: Се урна дел од тунел со нуклеарен отпад

vonredni-vesti-2Вонредна состојба е прогласена во нуклеарниот центар Ханфорд во југозападната држава Вашингтон, откако се урна дел од тунел во кој се наоѓаат вагони со нуклеарен отпад.

Портпаролот на одделот за екологија на државата Вашингтон, Ренди Брадбери изјави дека експерти не забележале зголемена радијација и дека никој од вработените не е повреден.

Според Брадбери, никој од вработените не бил во тунелот кога се урнал, а евакуирани се работници кои се наоѓале во близина.

Во центарот Ханфорд се произведува плутониум за нуклеарно оружје, а сега е најголем магацин за радиоактивен отпад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top