Новоизбраниот претседател на Франција, Емануел Макрон, смета дека предрасудите дека тој не може да биде во љубов со жена која е 24 години постара од него – се засновани на „омраза кон жените”.
Тој во интервју за „Л Паризиен“ пред изборната победа, изразил уверување дека на никој не би му паднало на памет да ја доведе до прашање неговата љубов доколку неговата сопруга била 20 години помлада од него, пренесува денес британски „Индепендент“.
– Вака, многумина тврдат дека нашата врска не е одржлива и не е можна – рекол Макрон, припишувајќи ги таквите тврдења на женомразачите и традиционалистите.
Според неговите зборови, луѓето кои ги шират таквите гласини или веруваат во нив, или „изгубиле секакво чувство за реалност” или имаат „поприличен проблем со хомосексуалноста”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.