| четврток, 6 декември 2018 |

Шестгодишно девојче загина, а уште шест деца се повредени

Шестгодишно девојче загина, а уште шест деца на возраст од 3 до 11 години се повредени, кога се откачи и експлодира замок на дување, поставен во ресторан во шпанскиот град Гирона.

Замокот одлетал девет метри во височина и паднал на 40 метри подалеку. Делови од замокот биле најдени и на крововите на околните куќи и на дрвјата. Две од повредените деца се во тешка состојба ,јавуваат шпанските медиуми

Замокот на дување бил слабо прицврстен за подлогата , открива истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top