Новата прва дама на Франција се покажа поинтересна за јавноста отколку самиот претседател. Тоа што Брижит Макрон Троње е 24 години постара од нејзиниот сопруг Емануел Макрон беше тема на сите светски медиуми, а богами и на чаршиските муабети во Македонија.
Но, дами што ја ставаат љубовта пред годините имаме и овде. Тие ги рушат балканските стереотипи и конзервативни размислувања и отворено признаваат дека сакаат помлади мажи.
Каролина Гочева
Нема кој не се израдува на веста дека Керол ќе застане пред олтар, после толку озборувања и толку муабети. Македонското девојче за вечен сопатник го одбра токму Михаил Корубин, кој од Гочева е помлад 6 години.
Мелита Ракичевиќ
Мели никогаш не се грижела што вели чаршијата, па пред некој ден пред сите го покажа помладото момче. Се работи за битолчанецот Виктор, со кого водителката е во врска повеќе од две години. Иако не се знае неговата точна возраст, очигледно е дека тој е многу помлад од Мелита.
Лила
Таа како да не старее. Годините немаат влијание ни на изгледот ни на духот на Лила Филиповска. Водителката веќе некое време е во врска со Стефан Стоилов, помладиот брат на ракометниот репрезентативец Стојанче. Иако не изгледа така, Лила во октомври наполни 45 години, додека Стефан има 28.
Калиопи
Разликата во годините не беше пречка пејачката прво да биде во врска, а потоа и седум години да ги помине во брак со Васил Зафирчев. Калиопи, кога годинава ќе ја заокружи 50. година, е постара од актерот 14 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.