Новиот тренер на Црвена Звезда, Бошко Ѓуровски во текот на вчерашниот ден го одржа првиот тренинг со новата екипа и последен пред денешниот реванш натпревар од Купот на Србија против тимот на Чукарички. Воедно тој тренинг служеше и за запознавање на нашиот поранешен селектор со фудбалерите на Црвена Звезда.
На вчерашниот попладневен тренинг на Ѓуровски му помагаа Милан Косановиќ, Небојша Стаменковиќ и Радивоје Радаковиќ, со кои заедно ги одбра 16. фудбалери кои ќе конкурираат за денешниот реванш натпревар.
Фудбалерите на Црвена Звезда на првиот дуел славеа гостинска победа од 1-4, па денешниот реванш натпревар би требало да биде само чиста формалност. Во второто полуфинале Партизан ја пречекува Војводина, првиот натпревар заврши 0-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.